Почетна >> АЛАРМ за природата фестивал

Bookmark and Share


ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

▼ ВЛЕЗНИЦИ

▼ ДАЛИ МОЖАМ ДА ЗЕМАМ СО СЕБЕ...

▼ ДАЛИ НА ФЕСТИВАЛОТ ИМА... 

▼ ОСТАНАТИ ПРАШАЊА



ВЛЕЗНИЦИ

► Колку чинат влезниците за фестивалот?

Влезници за три дена со вклучено кампување е 300 денари. Еднодневниот билет кој не вклучува можност за кампување  е 150 денари. Билетите може да се набават во мрежата на ,,Купи карти за се“ или на самиот влез на фестивалот. Капацитетот за жал е ограничен, па наша препорака е да си ги набавите билетите што поскоро :) !!

► Колку пати можам во текот на фестивалот да влегувам/излегувам?

Со секој купен билет добивате нараквица која треба постојано да ја носите на својата рака со што ќе можете непречено да излегувате и влегувате на просторот на фестивалот.Нараквиците не може да се пренесуваат од еден на друг. Оштетените нараквици не се заменуваат.

► Дали треба да понесам некои лични документи на фестивалот?

За да можете да го замените билетот за нараквица потребно е да имате некои лични документи (лична карта, пасош). Престој на гостите во кампот и на фестивалот е дозволено само со нараквица. 

► Дали можам да ја откажам или да ја вратам влезницата?

Откажувањето на купените билети и рефундирање на парите не се можни.

► Што да правам ако купам лажни влезници?

Влезниците кои се купени и земени на овластени продажни места единствено се валидни. За влезниците купени на други места, купувачот сам си ги сноси последиците.

на почеток



ДАЛИ МОЖАМ ДА ЗЕМАМ СО СЕБЕ...

► алкохол?

Не. Забрането е внесување на алкохол, но и на сите други течности на фестивалот. Пиво, вино, сокови, вода и млечни производи можете да купите на фестивалот.

 храна?

Нема да имате потреба да внесувате храна, затоа што на фестивалот ќе можете да купите секаков вид на храна, од свеж зеленчук и овошје до готови производи.

 домашно милениче?

Не. Поради безбедност на љубимецот, но и поради безбедност на останатите посетители на фестивалот забрането е носење на куќни љубимци. 

на почеток



ДАЛИ НА ФЕСТИВАЛОТ ИМА... 

► Место на кое што можам да ги оставам моите работи?

Да, на просторот на фестивалот има рецепција каде можете да ги оставите вашите вредни работи. Оваа услуга се наплатува дополнително како и сервисот за полнење на мобилните телефони, камера и сл., организаторите единствено одговараат за работите кои се оставени за цување на рецепција. 

Ве молиме, водете си грижа за своите работи и не носете повеќе работи отколку што ви е потребно. Имајте предвид дека вашиот багаж ќе биде контролиран на влезот.

► Инфо пултови?

Да, на Аларм фестивалот постојат инфо пултови кои прецизно ќе бидат означени.

► Вегетаријанска/веганска храна?

Да.

► Прва помош?

Првата помош ќе е стационирана во самиот камп, како и дежурна екипа на Црвениот крст и противпожарната служба.

► Обезбедување и за што е одговорно?

За обезбедување се ангажирани редари и тие се тука да се грижат за ваша сигурност. Тие се задолжени и за контрола кој има право да престојува во кампот, и секогаш можете да им се обратите за помош и упатства.  

► Тушеви со топла вода и тоалет?

Гостите - кампери имаат на располагање тушеви со топла вода како и заеднички тоалети за сите посетители на фестивалот.

на почеток



ОСТАНАТИ ПРАШАЊА

► Дали е дозволено палење на оган и спремање на скара?

Од безбедносни причини палењето на оган и спремањето на скара е забрането.  

► Кој одговара за изгубените работи оставени во кампот? 

За работите оставени во шаторите и камповите фестивалот не сноси одговорност.            

► Дали мобилните телефони се достапни на фестивалот?

Да.

► Дали е дозволено пушење цигари на целиот простор на      
    фестивалот? Дали постојат непушачки зони?

Фестивалот се одржува на отворен простор и не постојат непушачки зони, но сепак ве молиме да имате обзир спрема останатите присутни и секако да внимавате при гаснењето на цигарите.

► Што можам да купам на фестивалот?

На АЛАРМ можете да ги купите сите видиви на пијалок и храна, сувенири и да изнајмите основна опрема за кампување. 

► Дали можам на фестивалот да донесам опрема за снимање?

Професионални апарати и камери (со променлив објектив) може да се понесат со себе заедно со претходно добиена прес карта, додека за останатите (без променлив објектив) не е потребна акредитација.

на почеток



Сите прашања, предлози, сугестии и недоумици во врска со овогодишниот музички еко фестивал “АЛАРМ за природата” можете да ни ги испратите на alarmzaprirodata@gmail.com







alarm_bileti_kksz



Аларм за природата © 2010