Почетна >> АЛАРМ за природата фестивал

Bookmark and Share


КРАТКА ИСТОРИЈА

Од 12ти до 14ти јули, 2002 година, во авто кампот Љубаништа- Охрид, се одржа, денес веќе култниот, фестивалот Аларм дизајниран по урнекот на популарните повеќедневни европски фестивали. Вклучуваше три стејџа, 45 бендови и 35 диџеи од Германија, Данска, Унгарија, Југославија, Хрватска, Бразил, Јамајка, В.Британија, Бугарија, Белгија, Словенија, грција, Албанија, Косово..., театарски претстави, активности на невладини организации, работилници, сликари, студиа за тетовирање, отворено кино, спортски турнири и др. Имаше  околу 10.000 посетители дневно и тоа не само од Македонија, туку и од Србија, Хрватска, Бугарија, Босна, Грција, Косово, а убавите спомени од времето поминато во Љубаништа се сè уште меѓу нас... 

За жал поради сосема некомерцијалниот карактер на случувањето и недоволната финансиска поддршка однадвор, фестивалот своето второ издание го доживеа дури по осум години.

Во 2010 дојде до поврзување музичкиот фестивал Аларм и активностите за организирано чистење на речните корита и бреговите на езерата во Р. Македонија.

Акцијата која започна на 25 февруари 2010 и траеше до 31 октомври 2010, се реализираше во три еколошки фази при што беше исчистена територија во должина од 300 км. Во третата фаза покрај организираното чистење на плажите на охридското крајбрежје на две локации (с. Трпејца и с. Љубаништа) беше организиран три дневен музички еко фестивал во природа. Во негови рамки се одржа еко саем со разновидни еко работилници (стрип, графички дизајн, практична работа), перформанси, видео проекции, предавања и модни ревии, театарски претстави, уметничка колонија, отворено кино, спортски турнири и др., учество зедоа неколку универзитети и основни училишта и 12 невладини организации од Македонија, 10 невладини здруженија од Србија, Косово, Црна Гора, Хрватска, Албанија и Бугарија, над 100 музички групи и диџеи, двесетина млади и реномирани уметници и околу 6000 посетители дневно. Целта на еко-фестивалот беше зајакнување на партнерствата помеѓу клучните учесници во развојниот процес и подигање на јавната свест кај младите во однос на одржливиот разој, заштита на животната средина, како и последиците од активностите на човекот (како загадувањето и глобалните климатски промени).

▌Весник на фестивалот "Аларм за природата"







alarm_bileti_kksz



Аларм за природата © 2010