АЛАРМ ЗА ПРИРОДАТА 2013 ги повикува силите на зелената армија, музиката и уметноста, образованието и студентските организации, науката и технологијата, владините и невладините организации, млади и стари, СИТЕ во заедничка акцијаза соочување и решавање на проблемите со животната средина.
Проектот што настана на 1 март 2010 со поврзување на музичкиот фестивал Аларм и активностите за организирано чистење на речните корита и бреговите на езерата во западниот дел на Р. Македонија, оваа година повторно се активира, а овојпат центарот на случувањата е регионот на Дојранското Езеро.
Организираните еко - активности започнаа во мај оваа година, а ќе завршат веднаш до кампот Мрдаја Дојран со ТРИДНЕВЕН ЕКО-МУЗИЧКИ ФЕСТИВАЛ.
Повикот е упатен до сите кои сакаат да ја поддржат нашата иницијатива, било да е тоа со директно учество во тековните организирани акции за чистење накрајбрежјето на Дојран или пак со предлог за работилници, предавања, дебати,уметнички форми, еко-проекти и иницијативи и сл.
Сите волонтери/активни учесници во акцијата, ќе бидат наградени со блок картаза престојниот еко-музички фестивал до кампот Мрдаја во Дојран, кој ќе трае 3дена, од 2 до 4 август 2013 година.
Организаторите ќе ги обезбедат основните услови за работа, односно:
- Простор за кампување, штанд, шатори и вреќи за спиење за сите оние што имаат потреба за тоа;
- Простор за чување на опремата и материјалите;
- Организиран превоз за секој учесник;
- Потребни средства за организирано чистење + (изненадување)
Апликацијата за пријавување можете да ја превземете со следење на следниот линк "апликација". Откако ќе ја пополните истата испратете ја на адресата alarmzaprirodata@gmail.com.
За сите дополнителни информации контактирајте не на следната адреса bivium2001@yahoo.com
Бројот на учесници е ограничен, a краен рок за пријавување е 10 Јули 2013 година.
Прифатените апликации ќе бидат објавени најдоцна до 15 Јули2013 година.
Ве очекуваме !!
АЛАРМ ЗА ПРИРОДАТА 2013