За да не се "удавиме" во ѓубрето читајќи ги содржините сместени на оваа интернет страница, решивме да воведеме уште една категорија "села", во која ќе се потрудиме да ви пренесеме и дел од убавините на овој предел. Засега ви нудиме неколку фотогалерии од селата во Поречието (Општина Македонски Брод) како и најава за галериите кои за вас ги подготвуваме.
-Белица, Црешнево, Вир, Модриште, Локвица, Сланско, Дреново, Инче, Зркле, Лупште, Ковче, Рамне, Самоков, Ковач, Бенче, Звечан, Брест, Косово, Горно и Долнo Ботушје, Растеш, Требовле, Задград, Битово, Волче, Долни и Горни Манастирец, Старо село, Тополница, Томино село, Сушица, Грешница, Слатина, Долно и Горно Крушје, Девич, Суводол и Требино.